Во сабота Барселона го пречекува Реал Мадрид во првото Ел Класико оваа сезона, а Флорентино Перез нема да биде на трибините.
Перез се налути на контроверзната изјава на портпаролот на Барселона, Микуел Кампс за расизмот кој се случи врз Винисиус Жуниор минатиот викенд во Севиља.
„Тоа не е расизам, тој заслужи шлаканица затоа што е кловн. Овие чекори се непотребни и бесмислени на фудбалски терен“, рече Микуел Кампс.
Винисиус јасно беше навредуван на расна основа, тоа го призна и Севиља и веднаш реагираше. А ваквите изјави на портпаролот на Барселона даваат контра-ефект во борбата против расизмот, Перез е згрозен и ќе го бојкотира мечот во сабота, така тврдат медиумите во Шпанија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.