Тренерот на Барселона, Ханси Флик вчера се пожали за состојбата на теренот на „Метрополитано“, но од УЕФА смируваат и велат дека висината на тревата ќе биде 26 милиметри (30 милиметри е максималната граница).
Ханси Флик вчера правеше инспекција на теренот на „Метрополитано“, ја допираше тревата, ја проверуваше и веднаш се пожали до делегатот на УЕФА.
Утрово стигна одговор, европската куќа на фудбалот ги известила „каталонците“ дека се е според пропишаните норми.
Висината на тревата е 26 милиметри (максималната граница е 30 милиметри).
Што се однесува до влажноста на тревата, УЕФА порачала дека теренот ќе биде соодветно наводенат, односно еднаш пред почетокот на натпреварот, и уште еднаш на полувремето.
Се чини дека жалбата на Ханси Флик е дел од психолошката војна, Барселона вечерва ќе брка два гола негатива во обид да избегне елиминација во Лигата на шампиони.