Барса го искористи за да искаже добивка, а сега го пушти беспари само за се ослободи од неговата плата

by
1 минути читање

Барселона изминативе години имаше неколку зделки кои ги искористи за да ги наштелува сметките и да искаже добивка. Една од нив беше трампата со Валенсија во која Јаспер Силенсен се пресели на Местаља за 35 милиони евра, а Нето пристигна на Камп Ноу во трансфер вреден 26+9 милиони евра.

Бразилецот никогаш не доби шанса, има само 12 натпревари во Ла Лига во три години и каталонците сега се обидуваат да се ослободат од голманот.

Последните информации велат дека Нето е многу блиску до преселба во Борнмут, кој обезбеди враќање во Премиерлигата.

Клубот од Англија нема да плати ниту едно евро за трансферот, Барселона го пушта Бразилецот беспари само за да се ослободи од неговата плата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани