Витор Роке беше главна трансфер цели на Барселона за засилување на нападот и конечно е постигнат договор.
Медиумите од Шпанија пишуваат за зделка вредна 30 милиони евра, плус додатни 31 милион евра во бонуси.
Во Бразил пак се пишува за зделка од 74 милиони евра, односно 40 милиони како фиксен дел, 21 милион евра во бонуси и додатни 13 милиони евра за даноци.
Исто така, нејасно е кога Витор Роке ќе се пресели на Камп Ноу, за тоа да се случи летово, треба да бидат продадени барем двајца од Франк Кеси, Феран Торес, Ансу Фати или Ерик Гарсија.
Доколку не се отвори простор во сметката за плати, Витор Роке ќе пристигне на почетокот од следната година.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.