Френки де Јонг
доби јасна порака од Барселона, треба што поскоро да ја прифати понудата на
Манчестер јунајтед и да го напушти Камп Ноу.
„Каталонците“
сакаат да се ослободат од Холанѓанецот само поради финансиски причини.
Фудбалерот од средниот ред прифатил големо намалување на платата кога клубот
беше силно погоден од ковид-19 пандемијата, па оваа сезона треба да заработи нешто
над 20 милиони евра, а следната сезона речиси 30 милиони евра.
Со оглед на
тоа дека финансиската ситуација во Барса и понатаму останува комплексна, клубот сака да ја
тргне оваа огромна плата од сметката.
Со продажба на
Френки де Јонг, Барселона ќе отвори доволно простор во буџетот за регистрација
на двете засилувања, Франк Кеси и Андреас Кристенсен, како и за новиот договор
на Серхи Роберто.
Останува да се
види каква ќе биде одлуката на Холанѓанецот, наводно тој им се доверил на
соиграчите од соблекувалната дека практично е невозможно да замине од Камп Ноу.