Барса експресно го договори Габриел Жесус, утре потпишува!

by Стефан
1 минути читање

Барселона не губеше време откако стана јасно дека нема да успее да го реализира трансферот на Хулијан Алварез. Каталонскиот гигант експресно реагираше и постигна договор со Арсенал за ангажман на Габриел Жесус.

Според најавите, трансферот би требало да биде официјализиран во следните 24 часа. Барселона ќе плати околу 10 милиони евра плус дополнителни бонуси, а бразилскиот напаѓач веќе утре се очекува да пристигне во Каталонија.

Жесус подолго време се поврзуваше со заминување од „Емирати“, но Барселона досега не се споменуваше како негова можна дестинација. Сепак, Деко и неговите соработници во рекордно краток период успеале да постигнат договор и со Арсенал и со самиот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×