Барса два пати водеше но Белингем им станува кошмар, гол во 91. минута за победа на Реал (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Завршницата во Ла
Лига нема да биде неизвесна, Реал Мадрид вечерва ја совлада Барселона со 3-2 и
се одлепи на +11 на врвот на табелата.

Гостите два пати
водеа, но домаќините на крајот славеа со 3-2, Џуд Белингем повторно беше херој
и слично како на првото „Ел Класико“ оваа сезона, во финишот погоди за триумф.

Барса поведе веќе
во 6. минута, Кристенсен искористи една лоша проценка на Лунин, и погоди за 0-1
по еден корнер.

Реал Мадрид се
врати во игра во 18. минута, Лукас Васкез на искуство изнуди пенал од младиот
Кубарси, а Винисиус Жуниор од белата точка реализираше за 1-1.

Фермин Лопез ги
врати „каталонците“ во предност во 69. минута од мечот, но „кралевите“ брзо
одговорија, Лукас Васкез изедначи на 2-2 во 73. минута.

И кога се чинеше
дека бодовите ќе бидат поделени, една топка стигна до Џуд Белингем на подлечната
статива, а Англичанецот го матираше Тер Штеген за 3-2 во 91.минута од мечот за
огромна радост на „Бернабеу“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани