Барса добила „корпа“ од Венгер?

by
1 минути читање

Поранешниот
долгогодишен шеф на стручниот штаб на Арсенал, Арсен Венгер ја одбил можноста
да седне на клупата на каталонскиот гигант Барселона, известува француски „Ле10спорт“.

Се верува дека
Каталонците му пристапиле на Венгер откако целосно ја загубиле довербата во
Кике Сетиен, меѓутоа искусниот француски фудбалски стратег ја одбил таа можност
откако бил запознаен со проектот на клубот од „Камп Ноу“.

Венгер има
историјат со Барселона, но како тренер на Арсенал и меѓусебни дуели со
каталонскиот гигант, од девет пресметки, Французинот доби само една, и тоа во
16финалето од Лигата на шампионите во 2011. година (2011), помеѓу шесте порази
е секако и оној во големото финале од елитното европско клупско натпреварување
во 2006. година, каде „Топчиите“ иако водеа, на крајот загубија.

70 годишниот
Венгер влезе во ФИФА како прв човек на глобалниот фудбалски развој во ноември
ланската година, а уште тогаш навести дека посакува целосно да се посвети на
тие обврски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×