Барса доби ултиматум, ризикува да остане без планираното големо засилување

by
1 минути читање

Барселона и
Атлетико Паранаенсе начелно договорија трансфер на Витор Роке вреден 35 милиони
евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

Но како што
пренесува Мундо Депортиво, „каталонците“ можат да останат без планираното
засилување откако добиле ултиматум.

Атлетико
Паранаенсе на Барселона и дала 24 часа да ги испрати потребните документи за
реализирање на зделката, во спротивно ќе се повлечат од преговорите.

За услугите на
Витор Роке има голем интерес од клубови како Манчестер јунајтед, ПСЖ и Тотнем, кои
се подготвени да платат повеќе. Атлетико Паранаенсе приоритет и дава на
Барселона поради желбата на Витор Роке да се пресели на Камп Ноу, но тие немаат
намера уште долго да чекаат.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани