Клубот од Камп
Ноу ги објави финаксиските резултати заклучно со 30. јуни 2020 и пријави загуба
од речиси 1,2 милјарди евра од кои 730 милиони се краткорочен долг и се водат преговори за одложување на исплатите.
Извештајот
покажува дека Барселона должи околу 332 милиони евра на клубови за трансфери направени
изминативе години. Од оваа сума,126 милиони се краткорочни долгови, а 196
милиони евра се долгорочни.
На Ливерпул му се
должат 69 милиони евра за трансферот на Филипе Кутињо, од кои 29 милиони се
краткорочни, а 40 милиони се долгорочни. На Ајакс му се должат 64 милиони евра
за Френки Де Јонг, од кои 16 милиони се краткорочни а 48 милиони евра се
долгорочни.
На Јувентус му се
должат околу 57 милиони евра за трансферот на Миралем Пјаниќ, а има и долгови за играчи кои повеќе не се дел од клубот.
На Гремио му се
должат над 21 милион евра за Артур Мело, на Бордо му се должат 20 милиони за
Малком, а На Баерн Минхен му се должат 950.000 евра за Арутро Видал.
