Барнли следната сезона сигурно ќе игра во Премиерлигата, тие се први на табелата со 13 бода пред вториот и 17 пред третиот, до крајот на сезоната има уште десет кола.
Но, клубот доби лоша вест, добија забрана за правење трансфери поради прекршување на финансискиот фер-плеј, нема да можат да ангажираат нови играчи.
Причината за трансфер ембаргото е што Барнли доцна ги испратил своите завршни сметки, нешто што е строго забрането.
Тие ја соопштија одлуката на фудбалските власти и потенцираа дека причината за доцнењето е поради промената на ревизорскиот тим, нешто кое претходно го пријавиле.
Тие се надеваат дека ЕФЛ ќе го земе тоа во предвид и ќе им ја тргне забраната за трансфери, но доколку тоа не се случи клубот ќе биде во сериозен проблем во Премиерлигата.
Барнли има неколку позајмени фудбалери кои нема да може да ги откупи, па тие ќе заминат и тимот на Компани ќе биде осетно ослабен. Од друга страна тоа е добра вест за Чурлинов, бидејќи ќе има поголема минутажа за Македонецот кој досега не се снаоѓа добро во англискиот тим.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.