Барди: Во Скопје и други големи репрезентации губеле бодови, па може и Белгија

by riste
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 20:45 часот ја пречекува Белгија во квалификациски меч за Светското првенство.

Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди е оптимист пред утрешната пресметка со Белгија.

„Подготвени сме за овој натпревар. Знаеме дека Белгија е квалитетна репрезентација. Сите од играчите мора да покажеме одговорност и да покажеме дека во нашиот дом е тешко да се победи. Тука сме добиле бодови против Италија, Англија и ако го дадеме максимумот мислам дека можеме и утре“, вели Барди.

“Имаме искуство, имаме играчи кои играат во најсилни лиги, сите мора да веруваме во тоа што го правиме, играме дома, играме пред наши навивачи. Секогаш кога играме тимски имаме добри резултати, мислам дека сега нема зошто да не изгледаме како што треба“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани