Барди со гол го однесе Коњаспор во финале! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Коњаспор со Енис Барди се пласираше во финалето од Купот на Турција, македонскиот репрезентативец постигна гол во продолженијата за победа на гостување кај Бешикташ од 1-0.

Натпреварот во регуларниот тек беше 0-0, па се играа две продолженија од по 15 минути. Во 98. минута Коња доби пенал, а реализатор од белата точка беше Енис Барди. Тоа беше единствениот гол на мечот, кој вредеше финале.

Пред да го елиминира Бешикташ, Коњаспор претходно го исфрли и Фенербахче.

Во финалето ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Генчлибирлиги и Трабзонспор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×