Пријателските
натпревари треба да служат за подигнување на формата и влегување во ритам, но понекогаш
летаат и искри. Таков беше дуелот помеѓу Леванте и Вулверхемптон кој утрово се
одигра во Аликанте, Шпанија.
Во првото
полувреме се случија два сериозни инциденти и беа покажани дури четири црвени
картони.
Во првиот, нашиот
Енис Барди малку поостро стартуваше врз Јерсон Москера, дефанзивецот од Колумбија
тргна да се тепа, Енис Барди не се штедеше па настана голема мешаница. Откако
се смирија страстите, двајцата играчи беа исклучни и натпреварот продолжи.
Mosquera and Bardhi red card + fight #WWFC pic.twitter.com/cP3ZCc7hjj
— Joe (@wwfc_joe_) July 21, 2022
Сепак, пред
крајот на првиот дел, Поденсе од Вулверхемптон фати за врат еден дефанзивец на
Леванте па следеше нова мешаница.
Podence fight #WWFC pic.twitter.com/78bLub3DWu
— Joe (@wwfc_joe_) July 21, 2022