Барди маестрално погоди од слободен удар, фудбалерите на Фенер „добија ќотек“ по победата (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Во последниот натпревар од 30. коло во првенството на Турција, Фенербахче славеше со 2-3 кај Трабзонспор.

Гостите на пауза имаа два гола предност, но Барди во 63. минута маестрално погоди од слободен удар и ги врати домаќините во игра.

Трезеге од пенал изедначи на 2-2, но Батшуаи во финишот од мечот се погрижи Фенербахче да ги освои трите бода и да го задржи чекорот со лидерот Галатасарај.

Радоста кај гостите беше огромна, но тоа не им се допадна на домашните навивачи, кои влегоа во терен и направија голема мешаница.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани