Барди асистираше за победа против Реал, Леванте го фрли шампионот на колена среде Мадрид (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Енис Барди и
Леванте забележаа голема победа на гостувањето кај Реал Мадрид, со пресврт
стигнаа до триумф од 1-2.

Мечот почна лошо
за избраниците на Зидан, Милитао доби црвен картон во 9. минута, но и со играч
помалку, „кралевите“ поведоа со 1-0 со голот на Асенсио во 13. минута.

Сепак, Леванте
брзо наметна игра и во 32. минута изедначи на 1-1 преку Моралес.

Во 64. минута,
Леванте имаше голема шанса за водство, но Роџер не погоди од белата точка.

Сепак, Роџерс се
искупи за промашувањето и на асистенција на Барди во 78. минута го матираше
Куртоа за 1-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×