Балотели: Виеира како да се плашеше дека ќе давам голови, а клубот немаше мад*ња!

by 24 фудбал
1 минути читање

Марио Балотели (34) и официјално го напушти Џенова по истекот на едногодишниот договор, одигрувајќи само шест натпревари во целата сезона. Контроверзниот напаѓач за својата минутажа директно го обвини тренерот Патрик Виеира, со кого во минатото соработуваше и како соиграч и како тренер.

Кога дојде ме праша како сум, а потоа ме користеше по неколку минути. Му пријдов и го прашав дали имаме проблем, не барав 90 минути, ама ме пушташе по две-три минути. Ме уверуваше дека нема проблем, ама не ми даваше шанса. Мислам дека проблемот беше тоа што не ме сакаше, не беше ништо фудбалски. Клубот немаше мад*ња да му каже ништо. Му испратив и долга порака, ама не ми одговори ниту ме погледна во очи. Потоа бев присилен да тренирам сам. Од клубот ми велеа дека Виеира се плаши дека јас нема да прифатам мала минутажа, а всушност само го нервирав. Секогаш зборуваше дека ќе правам проблеми, но дали тоа се случи?

Не мислам дека до толку не се вклопував во неговиот стил на игра. Размислував и да си заминам, ама останав да истуркам до крај. Не мислев дека луѓето со кои ќе соработувам во Џенова ќе излезат толку безобразни на човечки план. Покажаа огромно непочитување, не сакам ниту да ги видам. Ми изгледаше како Виеира да се плаши, ако дадев гол ќе мораше да ме пушта да играм. Заедно игравме во Интер, а тогаш немавме никакви проблеми. Потоа во Ница бараше од мене да трчам повеќе, но јас давав редовно голови. Сакаше да биде во центарот на вниманието или едноставно му одам на нерви“, изјави Балотели.

Балотели сега ќе биде во потрага по својот 12-ти клуб во професионалната кариера. Досега настапуваше за Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана Демирспор, Сион и Џенова.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×