Балотели импресиониран од прославата на Жесус: Браво, кажи им НЕ на спонзорушите! (ФОТО)

by
1 минути читање

Габриел Жесус има одличен старт на кариерата во Манчестер Сити постигнувајќи три гола на три натпревари откако пристигна од Палмеирас.

Жесус го привлече вниманието со прославата на еден од погодоците, тој со раката направи гест како да зборува на телефон, кои подоцна имаше лажна интерпретација.

Имено некој на интернет направи „меме“ од прославата на Жесус и напиша: „Мојата прослава беше порака до мојата поранешна девојка која не одговараше на повиците додека бев во Палмеирас, но ми праќа пораки откако направив трансфер во Сити“.

Пораката стана хит на интернет и кружеше по социјалните мрежи, дојде и до Балотели кој импресиониран од лажната изјава му даде поддршка на Жесус.

„Браво. КАЖИ НЕ на спонзоруште!!“ – напиша Балотели на својот инстаграм профил и ја објави сликата на Жесус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани