Адана Демирспор
синоќа со 1-0 славеше против Умраније, стигна до нови три бода, но по крајот на
натпреварот се случи инцидент.
Марио Балотели му
дофрли нешто на Винченцо Монтела, напаѓачот продолжи да се објаснува па
тренерот ги загуби нервите и тргна да се тепа, но соиграчите и луѓето од
персоналот го спречија.
На средбата со
медиумите, Винченцо Монтела не сакаше да навлегува во детали и рече: „Можам
само да кажам дека очекуваме повеќе од него. Одредени работи се случуваат по
крајот на натпреварите, можеби адреналинот придонесува да се кажат одредени
работи, но за мене приказната е завршена“.
Се говори дека
Винчено Монтела му дал замерки на Марио Балотели за една акција од финишот,
кога напаѓчот место да го задржи поседот, ја изгубил топката и му овозможил на
противникот да тргне во напад.
Balotelli – Montella Kavgası pic.twitter.com/TbIpNANNDc
— Lord Sinov (@balotellivekil) August 27, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.