Балардини му се „закани“ на Пандев: Ќе добие ќотек ако се пензионира!

by
1 минути читање

Горан Пандев подолго
време најавува дека размислува за крај на кариерата. Првичната идеја му беше да
се повлече во 2020 со настап на Европското првенство, но откако континенталниот
собир беше п
oместен во 2021
поради пандемијата на коронавирус, Македонецот ги помести роковите за пензија.

Вчера тој
постигна два гола против Наполи за триумф од 2-1 на Џенова и уште еднаш покажа
дека може многу да понуди и покрај тоа што има 37 години.

Па по последниот свиреж на
натпреварот повторно беше запрашан што планира, а Горан Пандев изјави дека и
понатаму е на ставот дека ја завршува кариерата по крајот на сезоната и Европското
првенство, но ја остави отворена вратата за уште eдна сезона.

На оваа тема беше
запрашан и Давиде Балардини, кој на шега вели дека напаѓачот ќе добие ќотек
доколку се пензионира.

„Со Горан
планираме да ни оди добро до крајот на сезоната, а потоа ако реши да се
пензионира, ќе го тепам, нема да кажам на никој, ама ќе го тепам. Тој се плаши
од мене“
– прокоментира тренеротна Џенова со насвмека на лицето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×