82
Манчестер Сити го
дозна противникот на Вембли за трофејот во Лига Купот откако вечерва Арсенал
беше поуспешен од Челси.
Домаќините за победата и пласманот во финале можат слободно да му исратат
благодарница на Ридигер.
„Сините“ одлично
го започнаа натпреварот и преку Азар поведоа со 0-1. Но неколку минути подоцна
баксузниот дефанзивец од Германија си постигна ретко виден автогол.
По еден корнер
падна „пинбол“ гол. Монреал биеше со глава, топката потоа се одби од главата
на Алонсо па од главата на Ридигер и заврши во мрежата.
Ридигер потоа
кумуваше и за вториот гол на „Топчиите“, во намера да го блокира Лаказет,
Германецот само му ја намести топката на Џака, кој од пет метри рутински погоди
за 2-1.