Баерн за едно полувреме го „реши“ Хајденхајм за „плус девет“ на врвот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Баерн Минхен немаше поблеми и славеше убедлив триумф на гости кај Хајденхајм со 0-4.

Немаа проблеми избраниците на Компани и го решија натпреварот уште во првото полувреме во кое постигнаа три гола. Резултатот го отвори Кејн во 13. минута, потоа Лајмер во 19-тата зголеми на 0-2 за Коман да стрела за 0-3 на десетина минути пред крајот на полувреме.

Во второто полувреме Кимих постигна гол за 0-4 резултат кој се покажа и како конечен.

Баерн сега има 72 бода, девет повеќе од Леверкузен кој утре го игра својот натпревар против Сент Паули.

Во останатите натпревари, Фрајбург со 3-2 го совлада Хофенхајм, Мајнц ремизираше против Волфсбург 2-2, Вердер го доби минимално 1-0 Бохум, додека Лајпциг и Кил одиграа без победник 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани