Баерн уште еднаш покажа дека е голем клуб: Никогаш нема да му го сториме тоа на Горецка

by bojan
1 минути читање
Горецка

Баерн Минхен нема намера да користи валкани тактики и да го избрка Леон Горецка од првиот тим, спортскиот директор на „баварците“, Макс Еберл вели дека не функционираат така работите на Алианц Арена.

Кога клубовите сакаат да се ослободат од одредени играчи, често знаат да повлечат непопуларен потег и да ги отстрануваат од првите тимови, и да ги испратат да тренираат сами или со резервнот тим.

Некои клубови знаат да превземат и подрастични мерки, односно да не им дозволат да го користат паркинг просторот наменет за првиот тим или да им забранат пристап до соблекувалната, а во некои случаи, ниту да им дозволат да јадат во кантината со колегите со кои до вчера делеле се.

Но вака не функционираат работите во Баерн Минхен, спортскиот директор Макс Еберл вели дека ништо од ова нема да му се случи на Леон Горецка, кој не е дел од плановите на тренерот Винсент Компани.

„Во Баерн Минхен, нема второ тренинг игралиште. Леон е одличен фудбалеро, денеска одигра добро (на пријателски натпревар). Доколку остане, ќе биде целосен член на првиот тим. Нема шанси да му го направиме животот пекол, ниту пак да зборуваме лоши работи за него. Тој има направено многу за овој клуб“ – вели Макс Еберл.

„Спротивно на она што се пишува, Леон е дел од првиот тим. Ние едноставно кажавме дека ќе му биде тешко да дојде до минутажа, и ова е сосема нормална ситуација во фудбалот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани