Баерн тргнал по Ливаковиќ, па се предомислил

by
1 минути читање

Доминик Ливаковиќ блеска на Светското првенство во Катар, а Динамо Загреб трие раце бидејќи неговата цена вртоглаво расте.

Баерн Минхен е во потрага по голман откако Мануел Нојер ја скрши ногата на скијање и за него сезоната заврши.

Баварците прво тропнале на вратата на Динамо Загреб сакајќи да го ангажираат Ливаковиќ, но се откажале кога ја слушнале цената, тој бил прескап за нив со оглед на тоа што наредната сезона Нојер ќе се врати меѓу стативите, па немаат потреба да фрлат толку пари. Сепак не се отфрла целосно можноста да го ангажираат.

Сега прва цел на Баерн Минхен е Кејлор Навас кој секако е поевтина опција. Резерва е во ПСЖ и има 35 години. Германскиот тим во него гледа како идеална опција за остатокот од сезоната.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани