97
Баерн Минхен веќе одби три понуди од Барселона за услугите на Роберт Левандовски, послендата беше вредна 40 милиони евра.
Како што пренесува новинарот Рафаел Хонигштајн, проблем не е само сумата, туку и структурата на плаќањето.
„Баварците“ бараат Барселона веднаш да ја плати цела сума, наместо на неколку рати. Шампионот на Германија стравува дека клубот од Камп Ноу нема да постои за година-две поради огромниот долг, па тие нема да можат да ја наплатат целата сума.
Точно е дека Барселона има долг поголем од една милијарда, но тешко за верување е дека клубот ќе банкротира со оглед на тоа дека има имот кој вреди многу, како и голем број на фудбалери од кои може добро да заработи.