Баерн Минхен избори полуфинале во Лига на шампиони по драматичната елинација на Реал Мадрид на „Алијанц арена“, но ќе биде значително ослабен во првиот меч против ПСЖ.
Тренерот Винсент Компани е суспендиран и нема да може да го води тимот, откако заработи жолт картон по бурна реакција кон судијата Славко Винчиќ. За белгискиот стратег тоа беше трет жолт картон во натпреварувањето, што автоматски носи забрана за следниот натпревар.
Тој беше бесен по ситуацијата при третиот гол на Реал, бидејќи Антонио Рудигер го оттурна Јосип Станишиќ, немаше судиски свиреж и потоа во новата акција Килиан Мбапе погоди за 2-3.
Таквиот развој предизвика бурни реакции на клупата на Баерн, а Компани жестоко протестираше покрај аут линијата, по што веднаш беше санкциониран од судијата.