Баерн се исценка, Де Лихт нема да биде најскап трансфер во историјата на „баварците“

by
1 минути читање

Баерн Минхен попладнево го потврди трансферот на Матајс де Лихт, Холанѓанецот стави потпис на договор до 2027 година.

Кога прв пат се појавија шпекулациите, се говореше за рекорден трансфер од 90 милиони евра, но Баерн успеа во преговорите да ја спушти цената.

Лидерите на шампионот очигледно успеаја добро да се исценкаат, Јувентус соопшти дека се работи за зделка од 67 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

Со вакви бројки, Матајс де Лихт ќе биде второ најскапо засилување во историјата на Баерн Минхен, зад Лукас Ернандез, за кого беа платени 80 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани