Баерн сака да купи играч од ПСЖ за големи пари!?

by riste
1 минути читање

Баерн Минхен не успеа да ја освои Лигата на шампионите, па ќе се задоволи со двојната круна во Германија, во баварскиот клуб секогаш имаат највисоки цели, па сакаат да направат уште подобар тим за следната сезона.

Тимот на Компани ги урна сите рекорди во Бундеслигата, но тие сакаат да донесат уште едно засилување во нападот иако таму го имаат фантастичното трио Дијаз – Кејн – Олисе.

Наводно, Баерн Минхен е заинтересиран за играчот на ПСЖ, Бредли Баркола за кого францускиот клуб бара 90 милиони евра.

Баркола не е задоволен од својот статус во ПСЖ, тој најчесто оваа сезона влегува од клупата за резерви, така беше и на последните натпревари во Лигата на шампионите.

23-годишниот фудбалер игра на сите три позиции во нападот иако најприродна му е по левата странична позиција.

Баркола со ПСЖ има договор до јуни 2028 година, но со евентуален притисок од негова страна и добра понуда од Баерн Минхен, трансферот може да се реализира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×