Фудбалерите на Баерн Минхен славеа победа во „Дер Класикер“ против Борусија Дортмунд од 2-1 во натпреварот од седмото коло на Бундеслигата.
Домашната екипа на „Алијанц Арената“ важеше за голем фаворит и на крајот ја оправда оваа улога. Мрежите во Минхен мируваа до 22. минута кога резултатот го отвори Хари Кејн по асистенција од Кимих. Овој резултат остана актуелен до полувремето, но и долго во второто.
„Милионерите“ беа во подредена улога, немаа премногу опасни шанси пред домашниот гол, а темпото на игра опадна по серијата промени. Предноста успеа да ја удвои Мајкл Олисе со гол за 2-0 во 79. минута.
До крајот Хулиан Брандт го намали резултатот на 2-1, а иако имаше доволно време гостинот немаше сили за целосен кам-бек во дербито.