32
Не помина ни половина час, а веќе се постигнати два гола на мечот меѓу ПСЖ и Баерн Минхен, по еден во двете мрежи.
Баварците поведоа со гол на Хари Кејн од пенал во 17. минута. Најстрогата казна беше досудена по фаул на Пачо врз Луис Дијаз.
Баерн имаше шанса и да го зголеми водството, но во 24. минута се случи една индивидуална мајсторија на Кварацхелија кој израмни на 1-1.