Баерн подготвува „бомба“, ќе го менува Тухел со Зидан?!

by
1 минути читање

Во период од 8
дена, Баерн Минхен врза три порази па притисокот врз Томас Тухел е огромен.

По синоќешниот
меч против Бохум, Скај Спорт објави дека стратегот не размислува да си поднесе
оставка и покрај серијата слаби резулатти, а добил и гаранции дека нема да биде
избркан.

Генералниот
извршен директор на Баерн, Јан Кристијан Дресен беше запрашан дали Томас Тухел
и следната недела ќе биде на кормилото, а тој само кратко огвоори: „Секако!“.

Но медиумите шпекулираат
со промена на клупата на „баварците“, и како што пишува Кориере дело Спорт, на столчето
на „Алианц Арена“ може да седне Зинедин Зидан.

Други извори пак
пишуваат за можноста Ханси Флик да се врати во Баерн Минхен, па останува да се види дали ќе биде повлечен некаков потег во следниот период.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×