Баерн Минхен
попладнево го промовираше Хари Кејн како ново засилување откако напаѓачот синоќа
го коплетираше рекордниот трансфер и ги одигра провите минути против РБ Лајпциг
во Суперкупот на Германија.
„Баварците“
планирале во пакет со напаѓачот да го промовираат и Кепа Аризабалага, но Реал
Мадрид во последен миг им го украл голманот.
„Бевме блиску до
комплетирање на зделката и планот беше да го презентираме Кепа денеска заедно
со Хари Кејн. Но тој реши да потпише за Реал Мадрид. Кепа е Шпанец па затоа се
пишмани и го одбра предлогот на Реал Мадрид“ – вели генералниот извршен
директор на Баерн, Јан Кристијан Дресен.
По тешката
повреда на Тибо Куртоа, Реал Мадрид тргна во потрага на нов голман и го одбра
Кепа за нов чувар на мрежата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.