Баерн нема намера да го купи Брозовиќ, Хрватот не бил доволно добар

by
1 минути читање

Се пишува дека
Марцело Брозовиќ е еден од играчите кои Интер ги ставил на продажба за да
се приберат средства за нови засилувања, Хрватот се поврзува со неколку клубови
а еден од нив е Баерн Минхен.

Сепак, од
Германија пристигнува информација дека „баварците“ немаат намера да го купат
фудбалерот од средниот ред.

Како што
пренесува новинарот Кристијан Флик, раководството на Баерн смета дека Марцело
Брозовиќ не е доволно добар, односно го нема потребниот квалитет за настап во „црвениот“ дрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани