Баерн Минхен смета дека има „вин-вин“ ситуација за реализација на трансфер бомба

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Германија пренесуваат дека Баерн Минхен побарал помош од спонзорот Адидас за да реализира трансфер бомба и на „Алианц Арена“ да го донесе Флоријан Вирц.

Баерн Минхен се посочува како главен фаворит за ангажман на Флоријан Вирц, но зделката воопшто нема да биде лесна, Баер Леверкузен ќе бара рекордна сума за германски услови.

Се шпекулира дека на „баварците“ ќе им трба пакет вреден околу 250 милиони евра, односно 125 милиони евра за петгодишен договор на фудбалерот, и уште 125 милиони евра како обесштетување.

Последните информации велат дека Баерн Минхен скроил план и има „вин-вин“ ситуација за ангажман на Флоријан Вирц.

„Баварците“ ќе побараат помош од спонзорот Адидас, веруваат дека и производителот на спортска опрема ќе има бенефит од една ваква зделка.

Имено, Адидас е спонзор и на Флоријан Вирц, па за сите страни ќе биде подобро тој да се пресели во Баерн Минхен, со оглед на тоа дека Баер Леверкузен ќе се префрли на „Њу Баланс“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани