Баерн Минхен се враќа во игра за Хадсон-Одои, Јувентус и Лајпциг под будно око ја следат ситуацијата

by
1 минути читање

Шампионот на
Германија го посакуваше Калум Хадсон-Одои како засилување во јануари ланската
година, меѓутоа до трансфер не дојде, а крилниот напаѓач потпиша нов договор, а
сега Баерн Минхен го реактивира интересот за него и подготвува нова понуда до
Челси.

Во јануари
ланската година понудата на Баварците изнесуваше 40 милиони фунти, истата
категорично беше одбиена од Челси, но, сега е сосема поинаква ситуацијата, ако
се земе во предвид дека Премиерлигашот има голем избор на таа позиција, па
речиси и воопшто да нема место за 19 годишниот фудбалер.

Како и да е, „Скај
Спортс Германија“ известува дека од Баерн Минхен не се откажале од желбата да
го ангажираат Хадсон-Одои, па сега во германскиот првак подготвуваат нова
понуда за крилниот напаѓач.

Се верува дека
Баерн Минхен се уште не стапил во контакт со Челси, а тоа веќе е сторено со
агентите на фудбалерот, понудата би била позајмица со можност за целосен откуп
на договорот на фудбалерот, за кого интерес пријавуваат уште Јувентус и
Лајпциг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×