Баерн Минхен пикирал моќна замена за Левандовски, но за следното лето

by
1 минути читање

Според германскиот медиум „Кикер“, Хари Кејн е прва желба на Баерн Минхен за наследник на Левандовски.

Во моментов тој е прескап и за Баерн Минхен, Тотнем нема намера да се ослободи од него ова лето, но Баварците ќе се обидат да го купат следното лето, во 2023 година.

Таа година истекува договорот на Левандовски со Баерн Минхен, па планот за Кејн ќе се активира тогаш.

Останува само непознато дали Баерн сепак ќе го продаде Левандовски ова лето или ќе си остане на ставот дека тој ќе си го одработи договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани