Баерн Минхен му постави ултиматум на Алфонсо Дејвис, па доби жесток одговор од агентот

by
1 минути читање

Изминатиов период
често се пишува за трансфер на Алфонсо Дејвис во Реал Мадрид, левиот бек е под
договор со Баерн до јуни 2025, преговорите за нова соработка тапкаат во место,
па „кралевите“ сакаат да ја искористат оваа ситуација и летоска да го купат репрезентативецот
на Канада.

Оваа недела се
појавија гласини кои велеа дека „баварците“ му поставиле ултиматум на Алфонсо
Дејвис и побарале од играчот на почетокот од април да се изјасни кои му се
плановите за иднината.

На ова жестоко
реагираше агентот на левиот бек.

„Не е фер што вака
го напаѓаат Алфонсо сега. Пред една година бевме блиску до договор. Но тогаш
беше променето целото раководство на клубот. Потоа седум месеци не слушнавме
ништо од нив, и покрај тоа што јас во неколку наврати се обидов да стапам во
контакт со клубот“
– вели агентот.

„И сега ни е
поставен ултиматум, треба да одлучиме во две недели бидејќи клубот е под притисок.
Тоа не е фер“.

„Ова е многу
важен договор во кариерата на Алфонсо, а треба да донесеме одлука без да знаеме
кој ќе биде новиот тренер, без да знаеме како ќе изгледа тимот следната
сезона“.

„Затоа мислам
дека не е фер овој ултиматум. На крајот од сезоната ќе одлучиме за следниот
чекор, тогаш ќе имаме многу појасна слика“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани