Томас Тухел сака Баерн
Минхен да донесе дефанзивец од средниот ред, „баварците“ се поврзуваа со
неколку имиња, а последните информации говорат за изненадувачка трампа со
Манчестер јунајтед.
Шампионот на
Германија му фрлил мерак на Скот Мектоминеј, кој не е во плановите на Ерик тен
Хаг и оваа сезона има одиграно нешто над 10 минути.
Како што
пренесува Билд, Баерн Минхен сака да го донесе Шкотот на позајмица до крајот на
сезоната.
Се разгледува и
можноста Рајан Гравенберх да биде вметнат во зделката и да се
пресели на позајмица на Олд Трафорд.
Слично како и Скот
Мектоминеј, Холанѓанецот е во втор план во Минхен и оваа сезона одигра десетина
минути, па преселба во Манчестер јунајтед може да му донесе свеж воздух, добро се
познава со Ерик тен Хаг.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.