Баерн Минхен го одбил Роналдо поради неколку причини, Кан и Брацо сметале дека ЦР7 не може да игра пресинг

by
1 минути читање

Оваа недела се појавија гласини дека Кристијано Роналдо размислува за заминување од Манчестер јунајтед бидејќи „ѓаволите“ не се засилуваат како што тоа го прават ривалите.

Португалецот потоа беше најавен како наследник на Роберт Левандовски во Баерн Минхен, но за брзо време пристигна информација дека еден ваков трансфер нема да се реализира.

Според пишувањата на Спорт1, посредници го понудиле Кристијано Роналдо на Баерн Минхен, Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ разговарале и на крајот решиле да го одбијат ЦР7.

Скај Спорт Германија вели дека неколку причини стојат зад ова, првата е високата плата од 30 милиони евра нето, која ќе ја наруши структурата за плати на Алианц Арена.

Проблем се и годините (37) на напаѓачот, а Кан и Брацо исто така сметале дека Кристијано Роналдо не може да игра пресинг, а токму таков е стилот на игра на Баерн.

Тие исто така имале и одредени резервации за тоа како Јулијан Нагелсман, кој е помлад од Кристијано Роналдо, ќе ја менаџира португалската ѕвезда и се стравувало дека може да се наруши атмосферата во соблекувалната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×