Германскиот гигант Баерн Минхен е на чекор до купување на уште еден стадион, објави весникот „Билд“.
По речиси две децении поминати на „Алијанц Арената“, баварскиот клуб планира да стане сопственик и на „Спортпарк Унтерхачинг“, стадионот на истоимениот клуб кој настапува во пониските лиги на германскиот фудбал.
Објектот располага со капацитет од околу 15.000 гледачи, а според информациите, Баерн ќе плати околу 7,5 милиони евра за неговата купопродажба.
Баерн уште од 2017 година располага со свој помал камп каде настапуваат младинските и женските селекции, но тој има капацитет од само 2.500 места. Токму затоа во клубот сметаат дека им е потребен поголем објект што ќе овозможи подобри услови за развој на младите и женските тимови.