77
Баерн Минхен доставил
прва понуда за трансфер на Хари Кејн, ова попладнево го објави новинарот Дејвид
Орнштајн.
Ваквиот развој на
настаните следи откако вчера беше објавено дека Хари Кејн е цел број 1 на
„баварците“ по сигналите испратени од напаѓачот и изразената желба да се пресели во
Минхен доколку замине од Англија.
Предлогот е тежок
70 милиони евра плус бонуси, и сега на потег е Тотнем.
Претходно се
пишуваше дека „спарси“ бараат околу 100 милиони фунти (околу 116 милиони евра),
но напаѓачот има само уште една година од договорот и клубот од Северен Лондон
ризикува да го загуби беспари.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.