Томас Тухел изминатово лето инсистираше на засилување за средниот ред, и по долги преговори, Баерн го договори Жоао Палиња од Фулам
Португалецот пристигна во Минхен, ги помина редовните лекарски прегледи, но немeсто потпис со најтрофејниот клуб од Германија, доби повик да се врати во Лондон, Фулам не најде соодветна замена и одби да даде зелено светло за комплетирање на трансферот.
Па „баварците“ и понатаму разгледуваат опции за засилување на средниот ред во јануари, а според пишувањата на Билд, едно од имињата за кои се дискутира е Калвин Филипс од Манчестер Сити.
Англичанецот беше клучен играч во Лидс, а сериозно се наметна и во репрезентацијата на Англија на Европското првенство во 2020 година, но никако да фати место во тимот на Манчестер Сити и важи за големо трансфер промашување на Пеп Гвардиола.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.