Баерн кажа СТОП на 700 килограми чоколадо за Де Лихт (ФОТО)

by
1 минути читање

Јан Зомер му беше многу благодарен на Матајс де Лихт по победата на Баерн над ПСЖ во Лигата на шампионите. Голманот направи голем кикс и малку фалеше да им подари гол на гостите, но дефанзивецот со одлична интервенција на гол линијата спречи радост на „светците“.

За да се искупи за лошиот потег, Јан Зомер на Матајс де Лихт му вети комбпе полно со швајцарско чоколадо.

Како што пренесуваат медиумите од Германија, 700 килограми чоколада вчера требале да бидат испорачани во тренинг комплексот на Баерн Минхен, но раководството на клубот кажало СТОП.

На крајот чоколадото завршило во една банка за храна во Минхен, луѓето биле прилично изненадени од ненадејната донација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани