Баерн ја понижи Барса во Лисабон, ОСУМ гола во мрежата на Тер Штеген! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона оваа
сезона играше под очекувањата, јасно беше дека требаат големи промени, а ако
некој не мислеше така, сигурно ќе се предомисли по вечерашниот дуел со Баерн
Минхен.

Шампионот на
Германија ги понижи „каталонците“, им даде по четири гола во двете полувремиња
и славеше со убедливи 2-8.

Резултатот беше
отворен во 4. минута, Милер донесе водство од 0-1. Барса брзо се врати во игра,
Алаба ја затресе сопствената мрежа за 1-1 во 7. минута.

Но потоа следеа
три гола за десетина минути игра. Перишиќ, Гнабри и Милер по втор пат, донесоа 1-4
по половина час игра, резултат со кој се замина на пауза.]

Луис Суарез во 57.
минута намали на 2-4 и ја врати малку надежта, но Баерн не се опушти и го
дотолчи противникот.

Кимих реализираше
за 2-5, а во 82. минута од мечот и Левандовски се запиша во листата на стрелци.
Во финишот од мечот, Филипе Кутињо два пати го матираше Тер Штеген за конечни
2-8.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×