Баерн го потврди трансферот на Матис Тел, вториот најскап тинејџер во историјата на клубот

by
1 минути читање

Матис Тел стана
вториот најскап тинејџер во историјата на Баерн Минхен откако го комплетираше
трансферот од Рен вреден околу 28,5 милиони евра (за Ренато Санчес беа платени
35+ милиони евра).

„Матис Тел е еден
од најголемите таленти во Европа, многу брз, технички силен и сестран напаѓач.
Со У17 репрезентацијата на Франција стана европски шампион оваа година и беше
капитен на тимот. Го следевме подолго време и успеавме да го убедиме да го
направи следниот чекор со нас во Минхен. Горди сме бидејќи многу клубови сакаа
да го ангажираат“
– изјави спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

За новата
авантура, Матис Тел вели: „Баерн е еден од најдобрите тимови во светот. Со
нетрпение чекам да го започнам овој предизвик и да го дадам максимумот за
клубот. Бев импресиониран од разговорот со Салихамиџиќ и луѓето од Баерн па за
кратко време ми стана јасно дека морам да направам трансфер во Минхен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани