378
Второ засилување за Баерн Минхен од Ајакс, по Нусаир Мазрауи, на Алианц Арена пристигнува и Рајан Гравенберх.
„Берн го ангажираше Рајан Гравенберх од Ајакс, репрезентативецот на Холандија стави потпис на договор до 30. јуни 2027 година“ – гласеше известувањето.
За новата авантура, Рајан Гравенберх рече: „Кога пристигна понудата од Баерн Минхен, не мислев многу. Баерн е еден од најголемите клубови, играчи од целиот свет сакаат да играат за овој клуб. Доаѓам во Минхен за да освојам многу трофеи. Се е можно со овој клуб, па и триумф во Лигата на шампиони“.
Ајакс сподели детали од зделката, клубот од Амстердам ќе добие 18,5 милиони евра, плус уште додатни 5,5 милиони евра во бонуси.