Откако вчера
вечерта се појавија информации за изненадувачки трансфер на Брајан Сарагоса во
Баерн Минхен, попладнево пристигна и официјална потврда на зделката вредна
околу 15 милиони евра.
„Брајан Сарагоса
ќе му се придружи на Баерн Минхен во сезоната 2024/25, постигнавме договор со
Гранада. 22 годишниот репрезентативец на Шпанија ќе стави потпис на петгодишен
договор со трајност до 30. јуни 2029“ – гласеше известувањето на клубот од „Алијанц“
Спортскиот
директор Кристоф Фројнд ја образложи зделката и рече: „Брајан Сарагоса е
експлозивно, многу брзо и екстремно пргаво крило, кое може да игра по двете
страни. Тој е непредвидлив, умее да постигне гол и многу добар во ситуациите
еден на еден. Дебитираше и во дресот на Шпанија, има огромен потенцијал“.
„Брајан е идна ѕвезда
и подолго време беше на нашиот радар. Ќе ги зголеми нашите опции во
офанзивата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.