Баерн ги прекинал преговорите, еден клуб е фаворит за потписот на Кимих

by Стефан
1 минути читање

Како што стојат работите, Џошуа Кимих нема да продолжи да го носи дресот на Баерн Минхен.

Баерн Минхен според последните информации од Германија ја повлекол понудата за нов договор поради предлогото размислување на фудбалерот.

Ваквата информација беше причина брзо да реагираат клубови кои ја следат неговата сиутација. Наводно во овој момент најконкретен е Арсенал.

Германскиот „Скај Спорт“ пренесува и дека токму Арсенал бил причината поради која Кимих ги одолговлекувал преговорите.

Но, со името на Кимих се поврзуваше и ПСЖ, како и клубови од МЛС и Саудиска Арабија, меѓутоа изгледа желбата на фудбалерот е да остане во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани