174
Роберт
Левандовски во неколку наврати јавно кажа дека сака да замине од Баерн Минхен и
потврди дека желба му е да го облече дресот на Барселона.
Баерн Минхен нема
лесно да се откаже од напаѓачот, и според Радио Каталуња, шампионот на
Германија ги одредил условите за трансфер.
Барселона ќе
треба да одвои 50 милиони евра за ангажман на Полјакот, и целата сума треба да
биде платена одеднаш. Во моментов „каталонците“ имаат финансиски потешкотии и
не можат да си дозволат ваква зделка.