Рајан Гравенберх
не е во плановите на Томас Тухел, па Холанѓанецот бара нов клуб. Пред неколку
дена се пишуваше за изненадувачка трампа со која фудбалерот ќе се пресели на
позајмица во Манчестер јунајтед, а во обратен правец на позајмица ќе пристигне
Скот Мектоминеј.
Медиумите сега
шпекулираат за ново сценарио, односно преселба на Рајан Гравенберх во Ливерпул.
Баерн Минхен чека
понуда од 30 милиони евра за да го продаде фудбалерот на „црвените“.
„Баварците“ потоа
со овие пари делумно ќе го финансираат трансферот на Жоао Паљиња од Фулам, кој
е играч по мерка на Тумас Тухел. Клубот од „Алианц Арена“ е подготвен да плати
60 милиони евра за да го донесе Португалецот во своите редови.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.